Skip to content

Разлика помеѓу приватизација, легализација и откуп

Приватизацијата на градежно земјиште е постапка во која градежното земјиште во државна сопственост се префрла во сопственост на правни и физички лица. Со постапката за приватизација – дворното место, местото под куќа или зграда од сопственост на државата се приватизира во сопственост на физички или правни лица, претходни корисници на истото.
Предмет на приватизација е само градежно земјиште.
Приватизацијата на градежното земјиште може да се реализира со париечен надомест и без надомест по основ на претходна сопственост и правен основ.

Легализацијата е постапка со која на бесправно изградените објекти и дивоградби им се утврдува правниот статус. Со постапката за легализација дивоградбата или бесправно изградениот објект се легализира со тоа што му се утврдува правен статус на бесправен изграден објект и сопственикот може да стане легитимен сопственик на истиот.
Предмет на легализација се само објекти.

Откуп на државно земјиште е постапка која се поведува заради оформување на градежна парцела (границите на градежната парцела се утврдуваат во детален урбанистички план, акт или друга документација).
Предмет на откуп е само градежно државно земјиште.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top