Откуп на земјоделско земјиште во државна сопственост
Откуп на државно земјоделско земјиште
Откупот на државно земјоделско земјиште е постапка која подлежи на посебни услови. За разлика од приватното земјиште, државното земјоделско земјиште не е предмет на слободна продажба и најчесто се доделува под закуп преку јавна постапка.
Законот нуди јасна процедура за откуп на земјоделско земјиште во државна сопственост преку јавен оглас и јавно наддавање, врз основа на годишна програма донесена од Владата. Ова најчесто се однесува на:
- стратешки инвестиции од јавен интерес,
- големи инвестициски проекти,
- посебни програми и
- одлуки донесени од надлежните институции.
Закуп на државно земјоделско земјиште
За индивидуални лица како и за помали површини, најчеста форма на користење е долгорочен закуп.
Закуп на државното земјоделско земјиште се определува преку:
- Јавен оглас
- Електронско наддавање
- Постапка определена од Министерство за земјоделство
- Процесот вклучува: јавен оглас, поднесување документација, учество во наддавање, договор за закуп – потпишување, реализација на инвестициски план.
Во некои услови и постапки потребна е пренамена на земјоделското земјиште (која услуга ја нуди Сервисеа) за да откупи/закупи согласно важечката законска регулатива.
Како Ви помага Сервисеа?
Нашиот тим Ви нуди комплетна поддршка во:
- Проверка на статусот на земјиштето
- Подготовка и поднесување на иницијативи за откуп
- Пријава и учество на јавни огласи
- Правна анализа на договори за закуп
- Консултации за проценка и правна сигурност на намената
- Административна и правна помош во целиот процес до конечен откуп
Совет:
Ако сте корисник на земјиште во државна сопственост, не ја пропуштајте можноста да станете негов сопственик! Постапката може да биде едноставна – со Сервисеа на Ваша страна.
Контактирајте не – ги познаваме постапките и ќе Ве водиме низ секој чекор.
Извор:
Закон за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост
Годишна програма од Министерството за земјоделство

