Skip to content
Ние сме компетентнисекогаш тука за ВасдинамичниСервисеа

Тука сме да го заштедиме Вашето време.
Вашиот проблем е наша мисија!

Што може да направиме за Вас

Правни услуги

Правна помош и советување за физички и правни лица.

Административни услуги

Помош при изведување административни работи од секаков карактер.

Заштеда на Вашето време

Вашето време е скапоцено. Сервисеа ќе ги преземе сите потребни чекори до комплетирање на Вашиот предмет.

Правно советување

Најбрз пристап кон правно советување.

Зошто Сервисеа?

Во Сервисеа поседуваме знаење, мотивација и желба да Ви помогнеме. Ги знаеме институциите, луѓето и процесите во Македонија.

Вашиот проблем е наша мисија!

Нашиот тим

М-р. Виктор Ванкоски

Консултант / Основач

М-р. Мартина Цветкоска

Консултант / Управител

Задоволни клиенти

Голема благодарност до СЕРВИСЕА и нејзините вработени и искрена препорака до клиентите за да го заштедат своето време и се препуштат на вработениот тим.
Со почит

Ружица П.

Професионализмот што го покажавте и посветеноста кон извршување на вакви сложени проекти се најочигледен доказ за напорна работа. Драго ни е што го прифативте овој предизвик и сакаме да ја задржиме оваа соработка и во иднина! Го ценам начинот на кој го споделувате со другите ентузијазмот што ве карактеризира! Ви благодариме за вашите секојдневни напори! Ви благодариме за целата помош, ние секогаш ги ценевме вашите добро осмислени решенија! Поздрав

– Фамилија Шајноски

Исклучителна висока професионалност која резултира со успех. Решавање на правно административна услуга која за мене претходно претставуваше долгогодишен проблем. Искрена препорака за сите кои имаат потреба од правно-административни услуги. Сервисеа благодарам.

С. Спасески

Почитувана Г-ѓо Мартина и почитуван Г-дине Виктор,

многу е смело и благородно, во денешново (не)време, да работите по Вашето мото: „Вашиот проблем е наша мисија”.

Јас, до Небеси Ви благодарам што со респект ме примивте, и што – така да се изразам – ми ја „одзедовте главоболката” што ми ја создаваа македонскиве Закони за градежно земјиште. Релативно ниската цена за извршената услуга, воопшто не покажува колку – буквално! – ме спасивте од не ефективно губење на време, од стрес, од нервози и од лоши расположенија.

И не само тоа. Иако Вие ги вршевте потребните работи, со тоа што постојано ме известувавте до каде е предметот, имам впечаток дека јас ја имам контролата.
Со голема благодарност и со висока почит,

 Страшо Илиески

Задоволен сум од Вашите услуги, исто така и од Вашиот ангажман и пожртвуваност во текот на постапките. Продолжете и понатаму со тоа темпо и работа.

О. Бајрам

Сакам да изразам голема благодарност до Мартина и Виктор за успешно завршената работа. Чест ми претставува што соработував со ваков тим на млади луѓе полни со желба и војла да ги задоволат своите клиенти.

– Никола Новески

Една стара изрека вели: ” Пријателите секогаш се тука за добро и зло”. Нажалост не секогаш пријателите можат да помогнат. Затоа се тука младите ентузијасти од Сервисеа кои несебично и професионално секоја работа ја завршуваат лесно. Ви благодарам за Вашата професионалност, продолжете со истиот елан. Ви посакуваме секогаш да сте успешни на сите полиња како што се секогаш најдобри.

– Фам. Павлоски

Ги користев услугите на Сервисеа, бидејќи се работеше за административни услуги во повеќе јавни установи, знаејќи дека истото бара многу изгубено време и „енергија“. Работата ја завршија професионално, стручно, совесно и навремено. Преставува задоволство да се соработува со такви позитивни и вредни, млади луѓе. Ви ги препорачувам…

– Сашо Велоски

Оваа препорака, всушност е благодарност која сакаме да им ја искажеме на Мартина и Виктор за успешно завршената работа и за позитивното искуство од соработката со нив. И затоа би сакале да споделиме едно пријатно чувство, пред се’, заради вниманието кое ни го посветија и желбата целосно да не’ поштедат од долгите административни процедури. Тие, всушност, успеаја да ги добијат сите потребни документи, кои ние, само требаше да ги потпишеме. Тоа беше соработка со некој кој е полн со ентузијазам, желба за работа и грижа за своите клиенти. И затоа, крајниот впечаток од нивниот ангажман би бил: ажурност, ефикасност и професионалност.

– фам. Маркоски

Најнови корисни информации

Back To Top