
Консултант / Основач
Виктор Ванкоски е основач и консултант во Сервисеа ДОО Охрид. Тој е одговорен за финанските и правни работи во фирмата. Како менаџер на Сервисеа ДОО Охрид, ја претставува фирмата и решава проблеми од граѓански, имотен и деловен карактер.
Виктор е магистер по право, којшто додипломските студии ги заврши на Правниот факултет при Универзитетот ,,Св.Климент Охридски” Битола, а титулата магистер по право ja стекна на Правниот Факултет ,,Јустинијан Први” Скопје. Неговото работно искуство започна со студентски обуки и практиканство во основен суд како и адвокатски канцеларии, подоцна како правник во производствена компанија и член на Управен одбор во јавно претпријатие. Во мај 2020 година ја основа Сервисеа ДОО Охрид.
