Skip to content

За Сервисеа

Сервисеа е компанија чија главна дејност е извршување на правни и административни услуги за физички и правни лица. Фирмата постои од 2020 година, нашето седиште е во Охрид, а дејствуваме на национално и регионално ниво. Со своето работење имаме помогнато на повеќе од 150 клиенти во повеќе од 13 градови во Македонија, како и во 15 други држави.

На нашите клиенти им овозможуваме да го стават знаењето на нашите консултанти во нивна функција, без оглед дали тоа е во застапување на нивните интереси пред надлежните институции или пред други физички и правни лица.

После неколку години работа, земајќи ги во предвид најчестите активности и предмети со кои се соочувавме, заклучивме дека во областа на недвижности недостига фирма која ќе работи со еланот и професионалноста на Сервисеа. Затоа, во 2023 ја формиравме Сервисеа Проперти, сестринска фирма на Сервисеа.

Во Сервисеа го заштедуваме Вашето време со преземање на сите потребни чекори за решавање на Вашиот проблем, правна или административна постапка. Вашиот проблем е наша мисија!

gery_photo-of-people-near-wooden-table-3184418

Почетокот на Сервисеа

Приказната на Сервисеа започна две години пред формирањето на фирмата. Даша и Ивица беа првите задоволни клиенти, а воедно и идни основачи на фирмата.

Во 2018 како млад, надежен и помалку наивен заљубен пар, одлучивме да стапиме во брак токму во Македонија. Комбинацијата од државјанка на Словачка (Даша) и македонски иселеник со постојано живеалиште во Прага, Чешка Република (Ивица) беше доволна да ги збуни и најкомпетентните вработени на матичните служби и министерства на Република Македонија. Оваа нивна административна „експертиза“ на моменти не водеше до работ на нервен слом, а во неколку очајни моменти и до помислата да се откажеме од целиот план да стапиме во брак во Македонија.

Тогаш на сцена настапи херојот на оваа приказна, Виктор (подоцна ко-основачот на Сервисеа и консултант на Ваше располагање). Тој со манири на искусен слалом скијач се прошета низ административните препреки и на победнички начин не доведе пред олтарот (или во конкретниов случај пред импровизираната кафеанска маса на која нашиот матичар Сузе ја положи Матичната Книга на Венчаните на 25.8.2018, денот на нашата свадба).

Од тој момент натаму бевме со јасна цел и визија дека Сервисеа, а особено умешноста на Виктор да се снајде во македонскиот административен лавиринт, му е повеќе од потребна на Охрид и регионот. Ако поголемиот дел од времето планирано за одмор во Охрид планирате да го поминете на некоја плажа, а не во канцеларија на некоја македонска институција- потребна ви е Сервисеа!

D_I 477
Back To Top