Skip to content
Martina 2024

Консултант / Управител

Мартина Цветкоска е основач, консултант во Сервисеа ДОО Охрид. Таа е одговорна за правните и административни работи во фирмата. Како правен консултант примарно се занимава со решавање на наследно-правни, имотни односи и постапки пред државните и јавни институции.

Мартина е магистер по право со положен правосуден испит. Своето образование го заврши на Правниот Факултет ,,Јустинијан Први” Скопје каде се стекна со титулата магистер по право, а своите додипломски студии ги заврши на Правниот факултет при Универзитетот ,,Св.Климент Охридски” Битола. Нејзиното работно искуство започнува со практиканство во основните судови и при адвокатски канцеларии, за потоа да продолжи како адвокатски стручен соработник во адвокатска канцеларија. Во мај 2020 година ја основа Сервисеа ДОО Охрид.

Познавања

Наследно-правни односи
Трговско право
Управни постапки
Имотно-правни односи
Тендерски постапки
Облигационо и деловно право
Back To Top