Дополнителна работа
Во Република Северна Македонија, дополнителната работа е регулирана со Законот за работните односи, поточно со член 121. Според оваа одредба, работник кој е вработен со полно работно време може да склучи договор за вработување со неполно работно време кај друг работодавач, но најмногу до 10 часа неделно.
Притоа, основен услов е работодавачот кај кого работникот е веќе вработен со полно работно време да даде претходна согласност. Целта на ова законско решение е, пред сè, заштита на работникот — од прекумерно работно оптоварување, замор и можни негативни последици врз здравјето и работната ефикасност. Истовремено, ова правило претставува и ограничување за работникот, бидејќи можноста за дополнителна работа зависи од согласноста на неговиот примарен работодавач.
Како може да ви помогне Сервисеа?
Сервисеа нуди професионална услуга за подготовка, уредување и усогласување на сите правни и административни аспекти поврзани со дополнително работење.
Во рамки на оваа услуга обезбедуваме:
- подготовка и изработка на договор за дополнително работење со неполно работно време согласно законските одредби,
- изработка на писмена согласност од основниот работодавач (која ја потпишува работодавачот),
- уредување на начинот на остварување на правата и обврските на работникот кај двата работодавачи,
- правна проверка за усогласеност со работното време и законските ограничувања,
- подготовкана интерни документи и процедури за компании кои дозволуваат дополнително работење,
- правно советување за избегнување конфликт на интереси и заштита на деловни тајни.
Со оваа услуга, работодавачите и работниците добиваат сигурна и законски усогласена рамка за дополнително ангажирање, со што се избегнуваат потенцијални правни ризици и санкции, за да се обезбеди правилно функционирање на работните односи.
Доколку е потребно, тимот на Сервисеа може да обезбеди и комплетна правна и административна услуга приподготовка на договори, акти и согласност и поврзани со дополнителното работење.

