Skip to content

Право на старосна пензија

Право на користење старосна пензија има осигуреник:

  • кога ќе наполни 64 години за мажи;
  • кога ќе наполни 62 години за жени;
  • со минимум 15 години работен стаж.

Доколку немате искористено право на старосна пензија, поради немање на 15 години работен стаж, тогаш правото на пензија ќе го остварите по исполнување на Ваши 65 години живот.

Во стажот за осигуреници кои се индивидуални земјоделци, во условите за остварување на старосна пензија се засметува и времето поминато во осигурување ако придонесите за осигурување се подмирени (согласно Законот за старосно осигурување на земјоделци).

За да се оствари правото на старосна пензија, осигуреникот треба да поднесе барање за остварување на правото на П-1 образец до подрачната единица на Стручна служба на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на чие подрачје осигуреникот бил осигуран.

Кон барањето за остварување на старосна пензија се приложува:

  • работна книшка и докази за пензискиот стаж којшто не е впишан во работната книшка (решенија, уверенија, потврди и друго) – Фондот ги обезбедува по службена должност;
  •  извод од матичната книга на родените со впишан единствен матичен број или лична карта на увид – Фондот ги обезбедува по службена должност и
  • решение за престанок на работниот однос, односно престанок на осигурувањето (образец М2).

Извор: Закон за пензиско и инвалидско осигурување,

За остварување на правото на користење старосна пензија и водење на постапката за истата, контактирајте ја Сервисеа.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top