Плаќање на ненамирени обврски
Подмирување на заостанати обврски по основ на придонеси и персонален данок
Нашиот тим ја води целосната правна и административна постапка за плаќање на заостанатите ненамирени обврски по основ на придонеси од плати и персонален данок на доход, за:
- Физички и правни лица со регистрирана дејност
- Индивидуални земјоделци
- Субјекти со блокирани сметки поради јавни давачки
Што опфаќа постапката?
- Идентификација на обврските
- Вршиме увид и прибирање на податоци за заостанатите обврски до 30 ноември 1999 година:
- Придонес за пензиско и инвалидско осигурување
- Придонес за здравствено осигурување
- Придонес за вработување
- Персонален данок на доход
- Вршиме увид и прибирање на податоци за заостанатите обврски до 30 ноември 1999 година:
- Изработка на пресметка
- Подготвуваме точна пресметка на долгот, без пресметка на камата
- Определуваме износ за месечна отплата во рок до 5 години со грејс период од 1 година
- Подготовка и склучување на договор
- Подготвуваме барање и иницираме склучување на договор со надлежните институции
- Го водиме целиот процес до заклучување на договорот
- Правна заштита
- Советување и застапување при евентуални спорови или административни пречки
- Обезбедување континуирана правна поддршка во текот на отплатниот период
- Регулација на пензиски стаж
- Помош при еднократно подмирување на заостанати придонеси за ПИО, со цел:
- Верификација на работен стаж
- Пензионирање на технолошки вишок или стечајни работници
- Помош при еднократно подмирување на заостанати придонеси за ПИО, со цел:
Рокови и услови:
- Грејс период: 1 година
- Отплата: до 5 години, месечно
- Доспевање на месечни уплати: до 25-ти секој месец
- Без камати и казни
Напомена: Во случај на непочитување на договорот, обврските се наплатуваат присилно преку институција за платен промет. Затоа, стручна правна поддршка е клучна.
Како ви помага Сервисеа?
- Преземање на целата постапка од Ваше име
- Подготовка на барања, договори и правна документација
- Комуникација со УЈП, Фондови, Агенции и други надлежни тела
- Евиденција на отплати и правна контрола на рокови
- Советување при пензионирање врз основа на регулиран стаж
Контактирајте нè – вашата блокада ја претвораме во решение!
Нашиот тим ви стои на располагање за целосна правна поддршка.
Извор:
Закон за начинот на плаќање на заостанати ненамирениобврски по
основа на придонеси од плати и персонален данок на доход

