Skip to content

Работните односи се еден од најзначајните сегменти во функционирањето на секоја компанија и се уредени со Законот за работни односи, колективните договори, подзаконските акти од областа на работните односи, како и со договорите за вработување склучени помеѓу работодавачот и вработените.

Со правилно регулирање на работните односи се обезбедува:

  • непречено и законско одвивање на работниот процес
  • јасно дефинирани права и обврски на работодавачот и вработените
  • заштита на правата на вработените
  • превенција од работни спорови и прекршочни постапки

Со оглед на тоа што Законот за работни односи и подзаконските регулативи често се менуваат, за работодавачите е исклучително важно навремено да ги усогласат своите интерни акти и практики со важечките законски прописи.

Сервисеа обезбедува континуирана и стручна правна услуга за работодавачи, компании, претприемачи и работници со цел целосна усогласеност со законската регулатива и сигурно управување со човечките ресурси.

Нашите услуги се насочени кон:

  • правилна примена на законите
  • намалување на правни ризици
  • заштита на интересите на работодавачот и на вработениот
  • воспоставување јасни и функционални работни односи

Изготвување и спроведување на акти согласно Законот за работни односи

  • изготвување договори за вработување
  • анекси на договори за вработување
  • решенија и одлуки за распоредување, унапредување и промена на работно место
  • решенија за користење годишен одмор, платено и неплатено отсуство
  • решенија за престанок на работен однос
  • дисциплински постапки и мерки согласно закон

Изготвување одлуки согласно Законот за трговски друштва

  • одлуки на управител/директор/претседател на здружение
  • одлуки на собрание на друштво или здружение
  • одлуки поврзани со организација на работата
  • одлуки за внатрешно уредување и управување

Изготвување интерни акти за потребите на друштвото

  • правилници за работа
  • правилници за систематизација на работни места
  • правилници за дисциплинска и материјална одговорност
  • правилници за заштита при работа
  • статути и други внатрешни акти

Сите интерни акти се изготвуваат согласно важечките законски прописи и реалните потреби на друштвото.

Пријава и одјава на вработени лица

  • пријава на вработени во надлежни институции
  • одјава при престанок на работен однос
  • проверка на усогласеност на документацијата
  • навремено и законско спроведување на постапките

Правни совети и консултации

  • тековни правни консултации од областа на работните односи
  • толкување на законски одредби и колективни договори
  • совети при инспекциски надзори
  • превенција од трудово-правни спорови
Back To Top