Skip to content

Деловното право ги уредува правните и договорните односи помеѓу физички и правни лица кои стапуваат во деловна соработка со цел остварување на заеднички економски или деловен интерес. Оваа правна област опфаќа подготовка, склучување, толкување и спроведување на договори, како и заштита на правата и обврските што произлегуваат од нив.

Правилно изготвените договори се основа за сигурно и стабилно деловно работење, спречување на идни спорови и заштита на интересите на сите договорни страни.

Сервисеа обезбедува практични решенија од областа на деловното право, прилагодени на реалните потреби на клиентите.

Сервисеа Ви нуди:

Изработка и составување на договори

  • изработка на сите видови договори од помала вредност (договори за услуги, договори за соработка, закуп, посредување, доверливост, авторски договори и сл.), изготвени целосно според потребите на клиентот
  • составување и правна обработка на договори од поголема вредност или поголема сложеност, во соработка со адвокат, со цел целосна правна сигурност и усогласеност со законските прописи

Секој договор се подготвува внимателно, со јасно дефинирани права, обврски, рокови, услови и механизми за заштита.

Правни консултации и деловна поддршка

  • правни консултации при склучување нови договори
  • анализа и толкување на постоечки договори
  • заштита на правните интереси на договорните страни
  • совети за намалување на правни и деловни ризици
  • поддршка при преговори помеѓу договорни страни
  • насоки за законско и безбедно деловно работење

Нашата цел е клиентите навремено да добијат точни, практични и применливи правни информации, со што ќе донесуваат сигурни деловни одлуки.

Back To Top