Skip to content

Трговското право е гранка на правото која го регулира статусот, работењето и правните односи на трговските друштва и трговците поединци, како и нивните односи со трети лица, институции и деловни партнери. Преку трговското право се уредуваат правилата за основање, управување, промени и престанок на трговски субјекти, како и начинот на нивното делување на пазарот.

Со правилна примена на трговското право се обезбедува:

  • законско и транспарентно работење
  • јасна организациска структура
  • сигурност во деловните односи
  • заштита на интересите на основачите и сопствениците

Сервисеа Ви нуди:

Подготовка и изработка на документација (во соработка со регистрационен агент) за:

  • основање на трговски друштва (ДОО, ДООЕЛ), трговец поединец (ТП), здруженија и подружници,
  • промени на трговски друштва (седиште, работно време, сопственик, основачки влог и слично),
  • ликвидација (бришење) на друштва и здруженија.
Back To Top