Skip to content

Постапката за откуп на државно градежно земјиште овозможува на сите физички и правни лица да купат земјиште во државна сопственост и да станат сопственици на истото под одредени услови. Откупот се врши по електронски пат, за што Сервисеа е овластена и поседува електронски сертификат.

Државно градежно земјиште може да се откупи во следниве случаи:

  • за потреби на верските заедници;
  • за потреби на дипломатско-конзуларните претставништва;
  • за оформување на градежна парцела доколку лицето има во сопственост повеќе од 30% од градежната парцела;
  • од сопственици на објекти (или посебни делови од објекти) изградени со градежно-техничка документација кои не поседуваат акт за доделување на правото на користење на градежното земјиште;
  • од сопственици на објекти (или посебни делови од објекти) кои имаат засновано право на долготраен закуп
  • од сопственици на објекти (или посебни делови од објекти) за кои е донесено решение за утврдување на правен статус, согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти или Законот за заклучување на стечајните постапки (отворени согласно со Законот за присилно порамнување стечај и ликвидација и Законот за стечај).

Цената за откуп на државно земјиште е различна за секоја катастарска општина и секоја година се менува, согласно службениот гласник на секоја општина.

 

Back To Top