Роковите за поднесување на нови барања за приватизација и легализација се завршени.
Сервисеа нуди услуга за дополнување на документација и завршување на постапката за приватизација на државно градежно земјиште на физички и правни лица кои се корисници на градежно земјиште, а имаат поднесено барање за приватизација во дадениот рок од 2011 до 2021 година и за постапката за легализација на бесправно изграден објект за лица кои имаат поднесено барања до 31 декември 2017 година.
Приватизација на државно градежно земјиште
Градежно земјиште може да се приватизира на физички и правни лица со надомест и без надомест.
Важно: Крајниот рок за поднесување барање за приватизација на градежно земјиште траеше до 31 декември 2021 година.
Физички лица кои порано биле сопственици на градежно земјиште и имаат право да го користат, како и правни лица кои со надомест стекнале право на користење на државно градежно земјиште, можат да го приватизираат тоа земјиште без да платат надомест.
Нашата услуга
Сервисеа нуди услуга за дополнување на документација со цел завршување на постапката за приватизација на државно градежно земјиште на физички и правни лица кои се корисници на градежно земјиште, а имаат поднесено барање за приватизација во дадениот рок од 2011 до 2021 година.
Во пракса, голем дел од постапките остануваат незавршени поради:
- некомплетна документација и неажурност од страна на барателот и надлежниот орган
- потреба од дополнување на документи од други институции
- застои во административната постапка
Сервисеа обезбедува:
Воедно, доколку го пропуштивте рокот за приватизација, градежното земјиште можете да го откупите од државата со постапката за откуп на државно градежно земјиште.
Легализација на бесправно изграден објект
Легализација е постапка со која објект изграден без градежна дозвола се признава како законски (легален) и истиот добива правен статус како објект изграден согласно закон. Постапката за поднесувања барања за легализација траеше до 31 декември 2017 година.
Постапката е наменета за лица кои:
- изградиле објект без соодветна дозвола, навремено поднеле барање за легализација и сè уште немаат конечно решение
Можности поради кои се уште не е решена постапката:
- недостасуваат геодетски елаборати
- некомплетна техничка документација
- потреба од дополнување на барањето
- неплатени надоместоци
Нашата услуга
Сервисеа нуди услуга со која:
Важно: Сервисеа не поднесува нови барања, туку исклучиво работи на завршување на веќе поднесени постапки во законските рокови.
