Skip to content

Пронаоѓање, купување и продажба на имот се процеси кои што се проследени со невообичаено ниво на стрес и изгубено време. Не се ретки ни случаи во кои доаѓа до долги и компликувани судски процеси, како и загуба на финансиски средства. Сервисеа на своите клиенти им овозможува полесен тек на настаните поврзани со промена на сопственост на недвижнини.

Како ќе изгледа соработката со Сервисеа е дефинирано од страна на клиентот. Најпрво се остварува бесплатен состанок каде ги прибираме Вашите потреби и го појаснуваме текот на соработката. Во зависност од Вашите потреби ги остваруваме сите долунаведени ставки или дел од нив.

  • Дефинирање на барањето на клиентот и истражување на пазарот

Цел на овој чекор е заштеда на време на нашиот клиент.

Во случај на купување имот, вршиме истражување на пазарот и Ви изготвуваме каталог на недвижнини или имоти кои се совпаѓаат со Вашите критериуми. Со тоа клиентите на Сервисеа за значително пократок временски период доаѓаат до соодветна недвижнина.

Во случај на продажба на имот Ве поврзуваме со клиенти заинтересирани за слични недвижнини на понудените од Ваша страна. Ве поврзуваме и со клиенти на Сервисеа кои ги застапуваме во моментот, но и со клиенти на нашите партнерски агенции за недвижности кои бараат слична недвижнина на Вашата.

Напомена: Сервисеа ги застапува исклучиво интересите на нашиот клиент со цел заштеда на неговото време и обезбедување комплетна правна заштита. Сервисеа не е агенција за недвижнини. Сите услуги кои според закон треба да се извршат од агенција за недвижнини ќе бидат договорени помеѓу клиентот и соодветната агенција. Сервисеа на своите клиенти не им наплаќа никакви провизии за поврзување на клиентите со агенцијата за недвижности.

  • Проверка на достапност на објекти кои сеуште не се на пазарот, но одговараат на потребите на клиентот

Сервисеа соработува со најзначајните градежни фирми од регионот, кои имаат голем број станбени и деловни објекти во изградба. Во рамки на каталогот кој го доставуваме до клиентот може да се најдат недвижнини кои сеуште не се достапни на пазарот.

Истовремено, бидејќи соработуваме со најголемите регионални агенции за недвижности, сите нивни понудени недвижнини кои се совпаѓаат со Вашите барања ќе бидат вклучени во понудата на Сервисеа. Исто така информираме за имоти кои сеуште не се на продажба, но нашата партнерска агенција има информации дека тоа ќе се случи во догледно време.

  • Правна заштита

Пронаоѓањето на адекватен имот или на клиент за Вашиот имот е само дел од целиот процес. Правните аспекти при комплетирањето на трансакцијата се многу често потценети, а тоа често води до недоразбирања и судски спорови. Сервисеа нуди комплетна правна заштита на нашите клиенти со кои ги намалуваме можностите тоа да Ви се случи токму Вас.

Во Сервисеа нудиме ревизија на договорите за превод за сопственост, посредување во комуникацијата со другата страна, соработка за преводот на катастарската единица, но и било какви други правни и административни услуги поврзани со Вашиот конкретен случај.

Back To Top