Skip to content

Паричен надоместок за прекин на работен однос

Граѓанин кој има прекин на работниот однос има право на паричен надоместок. Невработено лице што било во работен однос најмалку 9 месеци непрекинато, или пак 12 месеци со прекин во последните 18 месеци, пред да му престане работниот однос, има право на паричен надоместок.

Барањето за паричен надоместок се поднесува во рок од 30 дена од денот на престанокот на работниот однос во Центарот за вработување според местото на живеење на невработеното лице.

Времето на исплатување на паричниот надоместок на невработеното лице е различно, односно лице кое има стаж на осигурување најмалку 9 месеци непрекинато надоместокот се исплатува 1 месец, како и за 12 месеци стаж со прекин во последните 18 месеци. За лицата со поголем стаж на осигурување, паричниот надоместок се исплатува за време од повеќе месеци.

Висината на месечниот паричен надоместок на невработеното лице изнесува 50% од просечната нето плата на работникот за последните 24 месеци, а за лице кое има право на надоместок подолго од 12 месеци, во правите 12 месеци висината изнесува 50% од просечната месечна нето плата, а 40% за преостанатите месеци.

Невработено лице кое не може да оствари право на паричен надоместок е она на кое работниот однос му престанал поради:

  • писмена изјава за престанок на работниот однос (освен ако таквата е дадена поради промена на местото на живеење на брачниот другар или склучување на брак);
  • спогодбен престанок на работен однос;
  • остварува права од работен однос спротивно на закон;
  • престанок на работен однос по сила на закон (освен во случај на стечај на правното лице);
  • отказ од страна на работодавачот поради кршење на работниот ред и дисциплина;
  • одбивање да работи на работи на кои е распореден во согласност со закон;
  • одбивање да биде преземан со спогодба кај друг работодавец;
  • одбивање обука, преквалификација или доквалификација;
  • губење на работната способност, согласно прописите за пензиското и инвалидското осигурување и
  • исполнување услови за остварување право на пензија.

Извори:
Закон за вработувањето и осигурување во случај на невработеност
Агенција за вработување
Министерство за труд и социјална политика

За водење на постапката за работни односи, заштита на работникот и потребната документација за истата обратете се во Сервисеа.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top