Skip to content

Договор за трговско застапување

Трговско застапување претставува договор помеѓу застапникот како една договорна страна кој се обврзува дека ќе преговара со трети лица за склучување договори за име и сметка на налогодавачот, а налогодавачот како друга договорна страна се обврзува да му плати на застапникот договорен надоместок. Налогодавачот може да има повеќе застапници.

Застапникот не може без согласност на налогодавачот да преземе некоја обврска. Не може да бара ниту да прими исполнување на побарување ако за тоа не е овластен. Должен е да се грижи за интересите на налогодавачот согласно начелото за совесност и чесност и со внимание на добар стопанственик, како и должен е да му ги дава сите потребни информации за секоја правна работа и да постапува по дадените упатства.

Договорот за трговско застапување мора да биде во писмена форма.

Налогодавачот е должен во својот однос со застапникот да постапува во согласност со начелото на совесност и чесност и со внимание на добар стопанственик. Должен е без одлагање да го извести застапникот за потребата и обемот на неговите работи, да му исплати провизија за договорите што за време на траењето на договорот за трговско застапување биле склучени со негово посредување, како и за договорите што ги склучил застапникот во име и за сметка на налогодавачот, ако за тоа бил овластен.

Извор:
Закон за облигациони односи

За состав на договор за трговско застапување обратете се во Сервисеа.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top