Skip to content

Откуп на државно градежно земјиште

Доколку сакате да градите куќа или зграда, а дел од земјиштето кое влегува во градежната парцела не е во Ваша сопственост, туку е во сопственост на државата, во тој случај треба да го откупите за да можете да добиете одобрение и да градите. Воедно, ако имате бесправно изграден објект кој подоцна сте го легализирале, со постапката за откуп на државно земјиште имате право да го откупите земјиштето под и околу легализираниот објект.

Постапката за откуп на државно градежно земјиште овозможува на сите физички и правни лица да купат земјиште во државна сопственост и да станат сопственици на истото под одредени услови. Откупот се врши по електронски пат, за што Сервисеа е овластена и поседува електронски сертификат. Документите Сервисеа ги поднесува преку порталот https://gradezno-zemjiste.mk/, во надлежната катастарска општина.

Државно градежно земјиште може да се откупи во следниве случаи:

  • за потреби на верските заедници;
  • за потреби на дипломатско-конзуларните претставништва;
  • за оформување на градежна парцела доколку лицето има во сопственост повеќе од 30% од градежната парцела;
  • од сопственици на објекти (или посебни делови од објекти) изградени со градежно-техничка документација кои не поседуваат акт за доделување на правото на користење на градежното земјиште;
  • од сопственици на објекти (или посебни делови од објекти) кои имаат засновано право на долготраен закуп
  • од сопственици на објекти (или посебни делови од објекти) за кои е донесено решение за утврдување на правен статус, согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти или Законот за заклучување на стечајните постапки (отворени согласно со Законот за присилно порамнување стечај и ликвидација и Законот за стечај).

Цената за откуп на државно земјиште е различна за секоја катастарска општина и секоја година се менува, согласно службениот гласник на секоја општина.

Со зголемувањето на пазарните вредности се зголемуваат и цените на државното градежно земјиште, па поради тоа добро е Вашата постапка за откуп на државно градежно земјиште да ја отпочнете што поскоро.

Извор:
Закон за градежно земјиште

За водење на постапката за откуп на државно градежно земјиште и потребната документација за истата обратете се во Сервисеа.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top