Skip to content

Уредување на гранични линии помеѓу соседи

Меѓи
Меѓата е заедничка гранична линија со која се разделуваат соседни земјишни парцели. Доколку граничните линии помеѓу соседните парцели се оштетени или истите не може да се распознаат од било каква причина, секој од соседите има право да бара постапка за уредување на меѓи до надлежен суд, со цел да се воспостави меѓата, да се обнови или исправи истата.

Огради
Огради се ѕидови, плотови, живи огради или пречки помеѓу соседни недвижности, како и ствари кои служат како знаци, а меѓите се сметаат за заеднички огради и се во сосопственост на соседите од двете страни на меѓата, освен ако не се докаже дека се во сопственост само на еден од соседите. Секој од соседите може да ја употребува заедничката ограда, секој од својата страна до половина од нејзината ширина, но исто така не смее да прави ништо со што оградата би ја довел во опасност или би ги спречил неговите соседи од својата страна да ја употребуваат до половина. Трошоците за одржување на заедничката ограда ги сносат нејзините сосопственици на еднакви делови. Тие солидарно одговараат за штетата која  би била сторена со неодржување на оградата.  Ограда која се наоѓа исклучиво на недвижност на еден сопственик, а е воспоставена за да се раздвои едно земјиште од земјиштето на соседите не е во заедничка сосопственост на соседите, туку е во сопственост на оној на чие земјиште се наоѓа. Секој сопственик може да го загради своето земјиште со ограда која се наоѓа исклучиво на неговото земјиште, на начин како што е определено со посебен пропис или истото да не е спротивно на месните обичаи.

Дрвја на меѓи
Стеблото на дрвото му припаѓа на сопственикот на онаа недвижност од чиешто земјиште израснало дрвото, без оглед каде се надвиваат гранките или каде се протегаат корењата на дрвото. Дрвото коешто израснало на самата меѓа е во сосопственост на соседите на обете страни на меѓите на земјиштето. Сопственикот на земјиштето може да истргнува корења, жили од туѓо дрво или растение, да ги отсекува или поткаструва гранките од туѓото дрво и дел од стеблото кое се наоѓа во воздушниот простор над неговата недвижност и да ги задржи за себе, или пак да се користи со тие делови на туѓите дрвја. Сопственикот на соседното земјиште има право да бара надоместок на штета што е причинета од жилите, корењата или гранките на туѓите дрвја, а која не би се случила ако нивниот сопственик постапувал со потребното внимание.

Извор:
Закон за сосптвеност и други стварни права

За водење на постапка за имотно-правни работи и потребната документација за истата обратете се во Сервисеа.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top