Стекнување имот во брачна и вонбрачна заедница
Заеднички или посебен имот?
Имотот кој брачните другари ќе го стекнат во текот на бракот претставува заеднички имот. Како посебен имот се смета имотот кој едниот брачен другар го имал пред да го склучи бракот. Покрај тоа во посебен имот спаѓа и наследство, легат и подарок.
Право на сопственост врз недвижноста која е заеднички имот имаат двајцата брачни другари, иако во јавните книги може да е запишан едниот брачен другар.
При продажба на определен дел од заедничкиот имот кој му припаѓа на едниот брачен другар се применуваат правилата за првенствено купување на сосопствениците.
Брачните другари заедничкиот имот можат да го поделат спогодбено. Со делбата на заедничкиот имот на брачните другари, имотот станува посебен. При делбата од заедничкиот имот по барање на едниот брачен другар, се издвојуваат оние ствари стекнати со работа во текот на брачната заедница кои исклучиво служат за негова лична употреба. Подароците што брачните другари си ги дале еден на друг пред склучувањето на бракот или во текот на бракот не се враќаат.
Вонбрачните другари имотот што ќе го стекнат во вонбрачната заедница се смета за заеднички имот. Двајцата вонбрачни другари имаат право на сопственост на заедничкиот имот.
Заедничкиот имот вонбрачните другари можат да го поделат спогодбено, со што истиот станува посебен имот. Во поглед на наследството, легатот и подароците остануваат како дел од посебниот имот на едниот вонбрачен другар, кој воедно ги имал претходно или ги стекнал.
Извор:
Закон за сопственост и други стварни права
Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.
Вашиот проблем е наша мисија!

