Skip to content

Физичка делба на земјоделско земјиште

Сопственици или сосопственици на земјоделско земјиште често се соочуваат со нејаснотии дали нивната парцела може да биде предмет на физичка делба – особено кога станува збор за земјиште со мала површина или нелегализирани објекти на истото. Дополнително, чест проблем е и правната процедура и потребната документација за спроведување на делбата.

Според Законот за земјоделско земјиште, физичка делба на земјоделско земјиште е дозволена, но под строги услови:

Основно правило:

  • Земјоделско земјиште (без разлика дали е државно или приватно) може да се подели само ако катастарската парцела е со површина поголема од 2 хектари.

Исклучок:

  • Делба е дозволена и кога парцелата е помала од 2 хектари, ако на неа има бесправно изграден објект и е поднесено барање за утврдување на правен статус (легализација).

Како може да ви помогне Сервисеа?

  • Проверка на правниот статус на земјиштето
  • Утврдување на исполнетост на законските услови
  • Изработка на целокупната документација
  • Комуникација со нотар, катастар и општина
  • Застапување во целата постапка

Во Сервисеа ја водиме целосната постапка за физичка делба од почеток до крај – прецизно, законски и без непотребни одложувања.

Контактирајте нè за бесплатна првична консултација. Вашиот проблем е наша мисија!

Извор:
Закон за земјоделско земјиште

Back To Top