Дали може да се гради на земјоделско земјиште?
На земјоделското земјиште може да се гради.
Со Законот за земјоделско земјиште е предвидено дека на земјоделско земјиште може да се градат објекти под одредени услови и начин.
На земјоделско земјиште може да се изградат оранжерии, објекти за промоција на земјоделски производи и објекти за спортско рекреативни активности и помошни објекти, како и објекти за примарна обработка на земјоделски производи.
Видови на градби кои можат да се изградат на земјоделско земјиште:
- Оранжерии се градби за произведување на примарни земјоделски производи од растително потекло во заштитен простор поставени на земјоделско земјиште, вклучително и за сместување на опрема за одржување, со контролирани услови за производство во заштитениот простор;
- Помошни објекти се градби кои служат за засолнување на луѓе и добиток, за времено сместување на земјоделски производи со површина до 500 метри квадратни и максимална висина од 5,5 метри;
- Објекти за промоција на земјоделски производи се градби за угостителство во кој се врши промоција на земјоделски производи произведени од земјоделска дејност со површина до 500 метри квадратни и максимална висина од 8 метри;
- Објекти за спортско рекреативни активности се градби во функција на вршење на спортски активности на државно земјоделско земјиште издадено под закуп;
- Објекти за примарна обработка на земјоделски производи се градби наменети за:
- одгледување на добиток и риби;
- ветеринарно здравство и здравствена заштита на луѓе;
- сместување на опрема за одржување на квалитетот на водата и животната средина;
- лаборатории;
- преработка на примарни земјоделски и сточарски производи и риби;
- сместување на опрема за следење на квалитетот и безбедноста на примарните сточарски и земјоделски прозиводи и на производите добиени од нивна преработка;
- сместување и одржување на земјоделска механизација, приклучна опрема и други превозни средства и опрема, настрешници;
- складирање;
- физичко обезбедување;
- оградување на објекти за примарна обработка на земјоделски производи;
- прием, чување и пакување на примарни земјоделски и сточарски прозиводи и храна за животни;
- администрација поврзана со замјоделската дејност;
- резервоари за вода;
- продажен простор за прозиводите добиени од земјоделската дејност;
- времено сместување;
- исхрана, едукација, рекреација и продажба на производи за потребите на домаќинставта на лицата ангажирани во производството на примарни и преработени земјоделски и сточарски производи;
- производство на вино;
- собирни центри за млеко, печурки и лековити растенија;
- кланички капацитети; аутопсија и крематориум на мртов добиток;
- пречистителни станици, и хидромелиоративни работи и градби наменети за уредување на земјоделското земјиште.
Постапката за поднесување на барање и доставување на потребна документација за согласност за градење се доставува пред Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Постапката пред Единицата за локална самоуправа се доставува до Сектор за урбанизам за општината каде што ќе се гради за со цел да се добие одобрение за градба.
Покрај правото на градење на земјоделско земјиште постои можност да се воспостави и право на службеност.
Извор:
Закон за земјоделско земјиште
И др.
Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.
Вашиот проблем е наша мисија!

