Размена на земјоделско земјиште
Земјоделско земјиште во државна сопственост може да се размени со земјоделско земјиште во приватна сопственост поради окрупнување на земјоделските парцели.
При размената со земјоделско земјиште во државна сопственост не смее да се раситнува земјоделското земјиште.
Постапката за размена ја спроведува Министерството по службена должност или по барање на заинтересираното лице. Трошоците на постапката ги подмирува предлагачот на размена.
Извор:
Закон за земјоделско земјиште
Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.
Вашиот проблем е наша мисија!

