Skip to content

Продажба и обврски на сосопственикот

Сосопственоста е сопственост на повеќе лица врз одредена недвижност или врз ствар.

Сосопственикот може да ја користи недвижноста и да располага со неа без согласност на другите сопственици. Но, во случај на продажба на недвижноста, сосопственикот кој сака да го продаде својот дел мора прво да го понуди на другиот  сосопственик или на останатите сосопственици (преку нотар со понуда за продажба).

Доколку сосопствениците во рок од 30 дена не се изјаснат дека ја прифаќаат понудата, сосопственикот може својот сосопственички дел да го продаде на друго лице. Или ако повеќе сосопственици под исти услови сакаат да го купат идеалниот дел од недвижноста, тогаш тој ќе му се предаде на оној сопственик кој ќе го одреди продавачот.

Во случај да не им се даде понуда на сите сосопственици, по судски пат може да се бара поништување на продажбата.

Извор:
Закон за сопственост и други стварни права

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

Back To Top