Skip to content

Враќање во сопственост по основ на денационализација

По основ на денационализација (постапка за враќање на имот и надомест за имотот одземен во корист на државата) недвижност се враќа во сопственост во целост или дел на физичките лица. Недвижност се враќа како дел кога не е возможно целосно враќање, кога со тоа се согласил барателот и доколку истото е возможно.

За недвижност чија вредност по одземањето е зголемена, на барателот му се понудува по следниот приоритет:
– враќање во сопственост на недвижноста доколку барателот ја плати разликата за зголемената вредност на недвижноста;
–  воспоставување сопственички дел до висината на првобитната вредност на недвижноста и
–   давање надомест.

Разликата во вредноста на недвижноста, барателот е должен да ја плати во рок од една година од правосилноста на решението за денационализација.
Недвижноста чија вредност по одземањето е намалена се враќа во сопственост со давање надомест за разлика за намалената вредност на недвижност.
Имот вратен во сопственост се предава во владение по исполнување на условите утврдени во правосилното решение за денационализација.

Извор:
Закон за денационализација

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top