Денационализација
Денационализација e постапка за враќање на имот и надомест за имотот одземен во корист на државата.
Со денационализација се враќа имотот и се дава надомест на физички лица, верски храмови, манастири кои биле одземени од 02.08.1944 година:
– врз основа на прописите со кое е вршено општо одземање и ограничување на сопственоста;
– врз основа на прописи за одземање на имот заради остварување на општокорисни цели и
– без правна основа.
Предмет на денационализација е и имотот:
– отстапен со изјава на волја дадена под закана и присилба (за земјиште до денот на влегување во сила на прописите за аграрна реформа и колонизација);
– за стопанските објекти до денот на влегувањето во сила на прописите за национализација на приватните стопански претпријатија и
– за згради и делови од згради до денот на влегувањето во сила на прописите за национализација на наемните згради и градежното земјиште.
Предмет на денационализација не е имотот:
– одземен според Законот за ревизија на доделување земја на колонистите и аграрните интересенти во Народна Република Македонија и во Автономната Косовско-Метохиска област;
– одземен по основа на губење државјанство по сила на закон или врз основа на правосилна пресуда и
– имот за кој е склучена меѓудржавна спогодба (договор) за обештетување на одземен имот.
Покрај тоа, предмет на денационализација не се предмети и објекти од особено културно и историско значење и природни реткости определени со закон, како и одземениот имот за кој е платен, односно даден надомест.
Извор:
Закон за денационализација
Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.
Вашиот проблем е наша мисија!

