Skip to content

Почитувана Г-ѓо Мартина и почитуван Г-дине Виктор,

многу е смело и благородно, во денешново (не)време, да работите по Вашето мото: „Вашиот проблем е наша мисија”.

Јас, до Небеси Ви благодарам што со респект ме примивте, и што – така да се изразам – ми ја „одзедовте главоболката” што ми ја создаваа македонскиве Закони за градежно земјиште. Релативно ниската цена за извршената услуга, воопшто не покажува колку – буквално! – ме спасивте од не ефективно губење на време, од стрес, од нервози и од лоши расположенија.

И не само тоа. Иако Вие ги вршевте потребните работи, со тоа што постојано ме известувавте до каде е предметот, имам впечаток дека јас ја имам контролата.
Со голема благодарност и со висока почит,

 Страшо Илиески

Back To Top