Skip to content

Внесување и изнесување странски пари

Дозволен влез на парични средства во Република Северна Македонија е до 10.000 евра. Ако при влез во земјава носите парични средства во износ поголем од 10.000 евра имате обврска да ги пријавите во Царина.

За резидент, при излез од Република Северна Македонија дозволено е со себе да носи парични средства во износ од 2.000 евра и нема обврска истите да ги пријавува во Царина, а доколку носи повеќе од 2.000 евра, односно до 10.000 евра има обврска да ги пријави во Царина.
Забрането е да се носи паричен износ над 10.000 евра.

За нерезидент при излез од Република Северна Македонија дозволено е со себе да носи 10.000 евра и нема обврска да ги пријавува во Царина, а доколку носи повеќе од 10.000 евра истите има обврска истите да ги пријави во Царина.

Извор:
https://www.customs.gov.mk/

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top