Skip to content

Пензиски стаж поминат во друга држава


Лице кое било вработено и осигурано во друга држава со која Република Северна Македонија има склучено билатерален договор*, има право да побара утврдување на стаж и за тоа време што го поминал во другата држава како и обратно. Со државите со кои нашата земја има склучено билатерален договор за социјално осигурување, лицата вработени и осигурани во тие земји можат да бараат стажот да им биде калкулиран и од земјата во странство и од нашата земја.

Услов претставува лицето да има полни 64 година за маж, а 62 година за жена и најмалку 15 година пензиски стаж.

*Листа на земји со кои РСМ има склучено договори за социјално осигурување: Македонско-Австриска Конвенција за социјално осигурување, Договор меѓу Република Македонија и Република Хрватска за социјално осигурување, Договор за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Република Турција, Договор за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Република Словенија, Договорот за изменување и дополнување на Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Република Словенија, Конвенција за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Швајцарската Конфедерација, Договор меѓу Република Македонија и Сојузна Република Југославија за социјално осигурување, Договор меѓу Република Македонија и Република Бугарија за социјално осигурување, Договор меѓу Македонската Влада и Владата на Сојузна Република Германија за социјално осигурување, Договор меѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина за социјално осигурување, Договор меѓу Република Македонија и Чешката Република за социјално осигурување, Договор меѓу Македонската Влада и Владата на Кралството Холандија за социјално осигурување, Договор меѓу Република Македонија и Романија за социјално осигурување, Договор меѓу Република Македонија и Република Полска за социјално осигурување, Договор меѓу Република Македонија и Големото Војводство Луксембург за социјално осигурување, Договор за социјално осигурување меѓу Македонската Влада и Белгиската Влада, Договор меѓу Република Македонија и Канада за социјално осигурување, Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Австралија за социјално осигурување, Договор меѓу Република Македонија и Црна Гора за социјално осигурување, Договор меѓу Владата на  Република Македонија и Владата на Република Косово за потврдување на периодите на осигурување за остварување на право на пензија, Договор меѓу Република Македонија и Словачка Република за социјално осигурување, Договорот меѓу Република Македонија и Република Албанија за социјално осигурување, Договорот меѓу Република Македонија и Унгарија  за социјално осигурување и социјална сигурност,.

До склучување нови договори за социјално осигурување, Република Северна Македонија ги применува конвенциите преземени од поранешна СФРЈ, и тоа со: Франција, Англија и Северна Ирска, Италија, Норвешка и Шведска. Конвенции кои РСМ ги има преземено од Поранешна СФРЈ :Општа Конвенција за социјално осигурување со Република Франција ,  Конвенција за социјално осигурување со Република Италија, Конвенција за социјално осигурување со Кралството Норвешка, Конвенција за социјално осигурување со Кралството Шведска.

Извор:
Закон за пензиско и инвалидско осигурување
www.mtsp.gov.mk

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top