Skip to content

Заштита на личните податоци на граѓаните

Како субјекти на личните податоци на граѓаните може да им биде побарано да ги предадат своите лични податоци или лични документи во обработка. Истото, заради потребите на некои од државните институции, приватни фирми, банки, осигурителни компании и други. Во ваков случај значајно е граѓаните да ги познаваат своите права при таквата обработка.

Овој однос на обработка е регулиран со Законот за заштита на личните податоци и за тоа постојат две страни:

  • првата се однесува на обработувачот на личните податоци (физичко, правно лице или пак државен орган);
  • втората страна е самиот граѓанин кој се јавува како субјект на обработка на личните податоци.

Обработувачот на личните податоци секогаш треба да ги собира личните податоци во согласност со закон и истите мора да ги собира за конктретни и јасно утврдени цели. Граѓанинот, како втора страна во овој процес секогаш треба да биде свесна за тоа на кого ги предава своите лични податоци, односно секогаш треба да го знае идентитетот на контролорот/ обработувачот.

Како субјекти на личните податоци секогаш може да извршите увид во збирките каде ги предавате истите. Покрај тоа, може да барате и детални информации кој дел од Вашите лични податоци е предмет на обработка и секогаш треба да настојувате да ги дознаете целите на обработка на личните податоци.

 Извор:
Закон за заштита на личните податоци

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top