Skip to content

Услови за влез на странци во РСМ

Доколку некој странец сака да престојува во РСМ, не подолго од 90 дена во период од 180 дена, треба да ги исполнува следните услови:

  • да поседува валидна патна исправа издадена во последните 10 години или друг документ пропишан за преминување на државна граница (патната исправа или документот мора да биде важечки најмалку 3 месеци по планираниот датум за заминување од нашата земја. Во одредени услови утврдени со закон може да не се исполни оваа обврска);
  • да поседува валидна виза (освен ако не поседува дозвола за престој), доколку истата е потребна според Aктот за определување на држави чии државјани мора да поседуваат виза. Овој критериум не се однесува на лица од држави чии државјани се изземени од обврската за поседување виза;
  • да ги оправда целта и условите на својот планиран престој и да има средства за издржување, за враќање во својата матична држава или пак за транзит во друга држава;
  • да не е лице за кое во системот за контрола на патници и возила е издадено предупредување за забрана на влез;
  • да не претставува закана за јавниот поредок, националната безбедност, јавното здравје или за меѓународните односи на РСМ.

Добро е да се напомене дека како датум за влез на странец се смета првиот ден на престој во РСМ, а пак датум на излез се смета последниот ден на престојот во нашата држава.

Периодот на престој дозволен во согласност со дозволата за престој или со виза од категорија Д не се зема предвид при сметањето на времетраењето на краткорочниот престој во РСМ.

Извор:
Закон за странци

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top