Skip to content

Заштита на лични податоци (матичен број на граѓанинот)

Кога единствениот матичен број на граѓанинот може да се предаде во обработка

Единствениот матичен број на граѓанинот е идентификациска ознака на секој граѓанин.

Истиот, во обработка може да се бара по различни основи односно за: работи кои се однесуваат на добивање кредити , осигурување, наплата на долгови, при основање трговски друштва, при вработување, за социјална и здравствена заштита и друго, а истиот може да се предаде само:

  • доколку граѓанинот даде изречна согласност за тоа;
  • за остварување со законот утврдени права и обврски на граѓанинот кој е субјект на личните податоци;
  • во други случаи утврдени со закон.

Обработувачот/контролорот кај кого граѓанинот ги предава личните податоци секогаш мора да води сметка матичниот број на граѓанинот да не биде видлив, печатен или пак на некој начин преземен од збирката на лични податоци, каде истите се запишуваат и понатаму се чуваат. Од обработувачот/контролор кој ги води збирките граѓанинот во секое време може да бара да престане да ги обработува и користи предадените лични податоци, односно матичниот број. Доколку и по барањето тоа не се случи, граѓанинот секогаш има право на тужба до надлежен суд за надомест на штета против обработувач/контролор на збирка на лични податоци, заради тоа што истиот неовластено ги користи, ги дава на користење или пак на некој друг начин ги злоупотребува личните податоци.

                        Извор: Закон за заштита на личните податоци

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top