Skip to content

Право на туѓа нега

Право на туѓа нега, односно на паричен надоместок за помош и нега од друго лице има:

  • лице над 26 години со умерени, тешки и длабоки пречки во менталниот развој;
  • лице со потешка и најтешка телесна попреченост;
  • лице со потполно слепило;
  • лице со трајни промени во здравствената состојба на кое му е неопходна помош и нега од друго лице, заради задоволување на основните потреби.

Висината на туѓата нега е различна и зависи од обемот на потреба на помош и нега од друго лице, односно:

  • изнесува 4.409,00 денари за помош и нега од друго лице во поголем обем, усогласена со порастот на трошоците на живот за претходната година;
  • изнесува 3.900,00 денари за помош и нега од друго лице во помал обем, усогласена со порастот на трошоците на живот за претходната година;

Ова право на помош мирува додека лицето е згрижено подолго од 30 дена во здравствена или друга установа, а за тоа има решение од центарот.

Извор:
Министерство за труд и социјална политика

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top