Skip to content

Поставување на времен објект

Времен објект се поставува заради привремена употреба на градежно земјиште и истиот претставува монтажно – демонтажен или типски објект.

Најчесто времен објект се поставува поради: вршење на сообраќајни дејности, продажба на храна, туристички, културни, спортско – рекрeативни и забавни дејности и објекти кои се во функција на граничните премини.

Времениот објект се поставува по добивање на одобрение, кое го издава градоначалникот на општината. Со одобрението за поставување на времен објект се утврдуваат условите, начинот и рокот за поставување и негово отстранување.

Извор:
Закон за градење

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top