Приватизација на градежно земјиште
Градежно земјиште може да се приватизира на физички и правни лица со надомест и без надомест.
Крајниот рок за поднесување барање за приватизација на градежно земјиште траеше до 31 декември 2021 година.
Физичките лица како поранешни сопственици на градежно земјиште кои имаат право на користење на истото, a правни лица кои во приватна сопственост стекнале право на користење на градежно земјиште во државна сопственост со надомест, може да го приватизираат државното градежно земјиште на начин што не се плаќа надомест.
Услови за приватизација на државно градежно земјиште без надомест се:
- со jaвно наддавање;
- непосредна спогодба со надомест;
- доделување на земјиштето од надлежен орган со надомест ;
- доделување на земјиштето во замена за експроприрана недвижност;
- стекнато право од поранешен сопственик на објект;
- пренесено право на користење на градежно земјиште од претходен корисник кој има платено надомест за земјиштето;
- правни лица со основачки влог на лице во правно лице на градежно земјиште кое претставува поранешна сопственост;
- други случаи кога ќе се утврди дека правото на користење е стекнато со надомест (дооформување на градежна парцела со надомест, предимствено право на градба со дооформување на градежна парцела со надомест и друго).
Услови за приватизација на државно градежно земјиште со плаќање надомест се:
- Физичкото лице да има стекнато право на користење на градежното земјиште без надомест;
- Физичкото лице да има стекнато право на сопсвеност на објект од претходен корисник на градежното земјиште кој не платил надомест, а правното лице да има право на сопственост на објект со правна основа кој бил во поранешна државна сопственост;
- Физичкото лице да има стекнато право на користење на градежно земјиште (по основ на предимствено право) за дооформување на градежна парцела за кој не е платен надомест;
- Правното лице да има право на сопственост на објект со правна основа со пренесено право на користење на градежното земјиште или право на сопственост на објект по основ на приватизација на правни лица во општествена и државна сопственост.
Сервисеа нуди услуга за дополнување на документација за со цел завршување на постапката за приватизација на државно градежно земјиште на физички и правни лица кои се корисници на градежно земјиште, а имаат поднесено барање за приватизација во дадениот рок од 2011 до 2021 година.
Воедно доколку го пропуштивте рокот за приватизација, градежното земјиште можете да го откупите од државата во постапката за октуп на државно градежно земјиште.
Извор: Закон за приватизација и закуп
на градежно земјиште во државна сопственост
www.uslugi.gov.mk
За водење и спроведување на целокупната постапка за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост, обратете се во Сервисеа.
Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.
Вашиот проблем е наша мисија!

