Skip to content

Стекнување сопственост со одржувачка

Одржувачката преставува начин на стекнување на правото на сопственост со владение на некоја ствар или недвижност по определено време.

Сопственост на некоја ствар може да се стекне со одржувачка по 3 години, а услов е држателот на таа ствар да биде совесен и законит држател на истата.

Сопственост на недвижност може да се стекне по 10 години со одржувачка на истата, а услов е држателот на недвижноста да биде совесен и законит.

Совесниот држател на подвижна ствар на која друг има право на сопственост, стекнува право на сопственост на таа ствар со одржувачка по истекот на време од десет години.

Совесниот држател на недвижна ствар, на која друг има право на сопственост, стекнува право на сопственост на таа ствар со одржувачка по истекот на време од 20 години.

Пресметување на времето за одржувачка почнува да тече од оној ден кога држателот стапил во владение на стварта, а завршува со истекот на последниот ден од времето потребно за одржувачка. Во времето потребно за одржувачка се пресметува и времето во кое претходниците ја држеле стварта. Ако има прекин или застој тогаш се применуваат одредбите за прекин на застареноста на побарувањата.

Докажувањето на стекнување сопственост со одржувачка врз определена ствар е долготрајно и тешко, а во некои случаи и невозможно. За да се претпостави дека стварта е стекната со орджувачка владението треба да биде законски остварено и пропишано со закон за времето за кое се владее стварта (најчесто евидентирано при Агенцијата за катастар на недвижности).

Извор:
Закон за сопственост и други стварни права

За покренување и водење на горенаведената постапка обратете се во Сервисеа.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

Back To Top