Skip to content

Внесување влог на содружниците во трговските друштва

Кои се правилата и обврските за внесување на влог при основање на трговско друштво во Република Северна Македонија?

При основање на трговско друштво, содружниците често не се сигурни:

  • Колкав треба да биде нивниот основачки влог?
  • Дали влогот може да биде непаричен?
  • Каде и кога се уплатува влогот?
  • Кои се законските рокови и постапки?

Согласно Законот за трговски друштва, при основање на друштво со ограничена одговорност (ДОО или ДООЕЛ), содружниците се должни да внесат основачки влог, кој може да биде паричен или непаричен.

Вкупен основачки влог:

  • Минимум 5.000 евра во денарска противвредност.
  • Минимален влог по содружник: 100 евра.
  • Секој содружник може да има само еден влог.
Паричен влог:
  • Се уплатува целосно, на:
    • Привремена сметка, пред регистрација на друштвото; или
    • Редовна сметка на друштвото, во рок од една година од денот на основање (одложен влог).
  • Влогот се уплатува под шифра: внес на основачки влог.
Непаричен влог:
  • Се состои од имот, предмети, опрема и слично.
  • Не смее да биде под 5.000 евра во денарска противвредност.
  • Потребна е проценка од овластен проценител, која мора да биде приложена при регистрација.

Нашиот тим од правници и економисти, како и соработници – регистрациони агенти Ви нуди целосна поддршка при:

  • избор на форма на друштво,
  • изработка на основачки акт,
  • утврдување на видот и вредноста на влоговите,
  • комуникација со банка и нотар,
  • поднесување на пријавата за регистрација до Централен регистар.

Извор:
Закон за трговски друштва

Back To Top