Skip to content

Патент

Предмет на заштита на патент е нов пронајдок во сите области на технологијата, ако содржи инвентивен придонес и ако може истиот да се применува во индустријата.

Со патент се штити и пронајдок кој се однесува на:

  • производ што се состои или содржи биолошки материјал и
  • постапка за добивање на биолошки материјал, негова обработка или употреба.

Како пронајдок не се смета:

  • откритие, научна теорија и математичка метода;
  • естетска творба;
  • план, правило и постапка за вршење интелектуална дејност, за игри или за вршење на деловни или бизнис активности, како и компјутерска програма;
  • прикажување информации и
  • човечкото тело во различни фази од своето формирање и развој или едноставното откривање на еден од неговите елементи, вклучително секвенца или делумна секвенца на ген.

Исклучок, со патент не може да се заштити пронајдок:

  • кој се однесува на нови животински видови и растителни сорти и чисто биолошки постапки за добивање животни и растенија, освен за биотехнолошките пронајдоци чија техничка изводливост не е ограничена на определен вид или доколку се работи за микробиолошки процеси и за производи добиени од таквите процеси;
  • за хируршка и дијагностичка постапка или постапка за третман на живо човечко или животинско тело, со исклучок на пронајдок кој се однесува на производ, особено материја или соединение, кои служат за примена на една од овие постапки и
  • чија примена е спротивна на јавниот поредок или моралот, е забранета со закон, особено пронајдоците кои се однесуваат на: процесите за клонирање и модифицирање на генетичкиот идентитет на линијата на наследство на човекот, користењето на човечките ембриони за индустриски и комерцијални цели, процесите за модификување на генетичкиот идентитет на животните кои веројатно ќе им предизвика страдање без суштинска медицинска корист за човекот или животното и исто така животни кои се резултат на тие процеси.

Пронајдокот е нов ако не е опфатен со состојбата на техниката.

Постапка за признавање на правото на патент како услуга ја нуди Сервисеа и може да ја поведе пронајдувачот и неговиот правен следбеник. Доколку пронајдокот претставува производ на заедничка работа на повеќе пронајдувачи тогаш правото за поведување на постапка за признавање на право на патент им припаѓа на сите пронајдувачи (или на нивните правни следбеници).

Извор:
Закон за индустриска сопственост

За водење на постапката за пријава на патент и потребната документација за истата обратете се во Сервисеа.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top