Skip to content

Јавни набавки (тендери)

Државните органи кои се снабдуваат со стоки, обезбедуваат услуги или изведуваат градежни работи огласите за јавни набавки и прибирањето понуди за истите ги објавуваат на официјалната страна на Бирото за јавни набавки. Тоа е орган на државната управа во состав на Министерството за финансии и истото е централно тело одговорно за координација и следење на системот за јавни набавки во Р.С.Македонија.

Под договорни органи во смисла на Законот за јавни набавки се:

  • државните органи и органите на единиците на локалната самоуправа;
  • правните лица основани за специфична намена за задоволување на потребите од јавен интерес што не се од индустриски или комерцијален карактер;
  • здруженија основани од еден или повеќе договорни органи од горенаведените;
  • јавните претпријатија, акционерските друштва и друштвата со ограничена одговорност

Секој економски оператор има право да учествува, самостојно или како член на група економски оператори, во постапка за јавна набавка.

Доколку Вашата фирма сака да учествува во постапките за јавни набавки, дозволете Сервисеа да Ве известува за активните огласи за јавни набавки согласно дејноста, односно предметот на работа на Вашата фирма. Воедно, на Ваше барање ќе ја подготвиме потребната документација за учество и ќе ја поднесеме понудата за дадениот оглас.

Тендери согласно потребите на државните и јавни институции и органи се објавуваат секојдневно. За да ги запазите критериумите и роковите и за застапување во јавните набавки и аукциите стапете во контакт со нас.

За учество и водење на постапката за јавни набавки (тендери) обратете се во Сервисеа.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

Back To Top