Skip to content

Годишна сметка

Обврска за составување годишна сметка и финансиски извештаи има секој трговец, трговско друштво како и подружница на странско друштво, по истекот на деловната година. Под деловна година се подразбира една календарска година.

Годишната сметка содржи:

  • биланс на состојба и
  • биланс на успех.

Финансиските извештаи содржат:

  • биланс на состојба и биланс на успех;
  • извештај за промените во главнината;
  • извештај за паричните текови;
  • применетите сметководствени политики и
  • други објаснувачки белешки.

Годишната сметка и финансиските извештаи ги потпишува овластениот сметководител.

Извор:
Закон за трговски друштва

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top