Skip to content

Издавање потврда за даночен резидент на РСМ

За да Ви биде издадена потврда за даночен резидент на Република Северна Македонија, потребно е да поднесете барање на образец – „Барање за издавање на потврда за даночен резидент (Б/ПДР)“.  Барањето се поднесува до Управата за јавни приходи според живеалиштето или престојувалиштето на резидентот односно барателот.

Услови
  • Физичкото лице треба да е резидент на РСМ. Резидент е физичко лице кое на територијата на државата има постојано живеалиште или престојувалиште. Резидентот има престојувалиште ако на територијата на РСМ престојува непрекинато или со прекини 183 или повеќе дена во кој било 12-месечен период;
  • Барателот да има поднесено барање за издавање на потврда за даночен резидент;
  • Барателот да има постојано живеалиште или регулиран престој во РСМ најмалку 183 дена континуирано или со прекини во текот на годината;
  • Барателот да даде согласност за користење на лични податоци.
Потребни документи
  1. Барање за издавање потврдаза даночен резидент на РСМ; 
  2. Документ за идентификација – лична карта, пасош;
  3. Дозвола за престој;
  4. Изјава за согласност за користење на личните податоци.

Потврда за даночен резидент се користи заради одбегнување на двојно оданочување.

Извор: Закон за данок на личен доход
www.uslugi.gov.mk

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!


Back To Top