Skip to content

Данок на вкупен приход

Трговските друштва класифицирани како мали и микротрговци се ослободени од обврската за плаќање на данок на годишен вкупен приход под услов вкупниот приход остварен во годината за која се утврдува данокот од кој било извор да не го надминува износот од 3.000.000 денари на годишно ниво. Трговските друштва можат да плаќаат годишен данок на вкупен приход под услов:

1. да извршуваат стопанска дејност, освен банкарска, финансиска, осигурителна и дејност од областа на игрите на среќа и забавните игри;
2.  вкупниот приход остварен во годината за која се утврдува данокот од кој било извор да изнесува од 3.000.001 до 6.000.000 денари на годишно ниво.

Данокот на вкупен приход на трговските друштва се пресметува во висина од 1% од износот на остварениот вкупен приход искажан во Билансот на успех во годишната сметка и финансиските извештаи за деловната година за која се утврдува данокот.

Извор:
Закон за данокот на добивка

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top