Skip to content

Даночни обврзници

Идентификација и регистрација на даночни обврзници

Идентификација на даночен обврзник во даночната постапка исклучиво врши Управата за јавни приходи, така што му доделува единствен даночен број (ЕДБ), кој всушност претставува идентификационен број на даночниот обврзник за сите видови јавни приходи и се задржува се до престанок на статусот на даночниот обврзник.

Регистрацијата на даночен обврзник се врши во Управата за јавни приходи. Министерот за финансии ги пропишува постапката, начинот и роковите за доделувањето на ЕДБ, содржината и начинот на водење на единствениот регистар на даночни обврзници, содржината и формата на пријавата за регистрација, како и постапката за бришење од регистрацијата.

Надлежност за регистрација:

  • за резидентни правни лица, државни органи и организации и органи на единиците локалната самоуправа надлежна е организационата единица на Управата за јавни приходи според местото на нивното седиште;
  • за нерезидентни правни лица надлежна за регистрација е организационата единица на Управа за јавни приходи според местото на седиштето на вршење на дејноста;
  • за резидентни физички лица надлежна за регистрација е организационата единица на Управата за јавни приходи според местото на нивното живеалиште;
  • за нерезидентни физички лица надлежна за регистрација е организационата единица на Управата за јавни приходи според местото на седиштето на нивната дејност.

Доколку даночен обврзник не поднесе пријава за регистрација, Управата за јавни приходи по службена должност му доделува ЕДБ.

Извор: Закон за даночна постапка

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top