Skip to content

Данок за моторни возила

Моторните возила во државава се предмет на оданочување и подлежат на плаќање данок пред нивна регистрација и тоа на:

  • производство на моторни возила и пуштање во промет;
  • преправка на моторни возила кои еднаш се одобрени и регистрирани од еден во друг вид на моторно возило и
  • увоз на моторни возила.

Предмет на оданочување со данок на моторни возила се нови и употребувани моторни возила кои се увезуваат и(или) за прв пат се ставаат во слободен промет и(или) за прв пат се регистрираат во Република Северна Македонија и за кои не е пресметан и платен данокот на моторни возила, а тоа се:

  • патнички автомобили и останати моторни возила конструирани првенствено за превоз на лица, моторни возила за комбиниран превоз на лица и стоки од типот караван, комби и слично, спортски автомобили прилагодени за употреба на патиштата, освен амбулантни возила, доставни “van“ возила и погребни возила;
  • патнички возила кои се движат на хибриден електричен погон (комбинација на мотор со внатрешно согорување и со електричен мотор како погонски мотор) и без можност да бидат полнети со приклучување на надворешен извор на електрична струја;
  • мотоцикли (и мопеди), скутери и слични возила со или без странична приколка;
  • ”pick-up” возила со двојна кабина;
  • трицикли и четирицикли со зафатнина на моторот поголема од 50 cм3 и
  • моторни возила од друг вид.

Извор:
Закон за данок на моторни возила

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top