ДДВ (Данок на додадена вредност)
Даночен обврзник може да биде физичко и правно лице, како и здружување на лица кои трајно (или повремено) вршат стопанска дејност.
Даночните обврзници кои во претходната календарска година оствариле (или надминале) вкупен промет од 2.000.000,00 денари се обврзани да се регистрираат за ДДВ.
За ДДВ обврзник може и доброволно да се регистрираат даночните обврзници.
Предмет на оданочување на ДДВ се добра и услуги кои се вршат во рамките на стопанската дејност и увозот на добрата.
Даночната стапка на ДДВ може да биде:
- 18% – општа даночна стапка (се применува за целокупниот промет и увоз);
- 10% – повластена даночна стапка и
- 5% – повластена даночна стапка (се применува врз промет и увоз на производи за човечка исхрана, вода за пиење од јавни системи, публикации од книги, семенски и саден материјал, ѓубрива, средства за заштита на растенија, фолии од пластична маса, земјоделска механизација, лекови, машини за автоматска обработка на податоци, термално сончеви системи, медицинска опрема и помагала, сурово масло, добиточна храна, бебешки производи итн).
Извор:
Закон за данокот на додадена вредност
www.ujp.gov.mk
Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.
Вашиот проблем е наша мисија!

