Што е двојно оданочување?
Двојно оданочување постои кога за ист предмет се плаќа данок два или повеќе пати. Двојното оданочување може да биде правно, ако една личност е два пати оданочена за исти доход во две земји и економско оданочување, кога една компанија треба да плати данок на добивка и нејзините акционери дополнително треба да платат данок на дивиденда исплатена од даночната добивка.
За да се избегне двојното оданочување склучени се билатерални договори помеѓу државите. Со тие договори овозможено е да се плати данок само во една земја или онаму каде што се создава доходот, односно таму каде што личноста примател на доходот е резидент.
Нашата земја има склучено договори за одбегнување на двојно оданочување со следните земји:
Австрија, Азербејџан, Албанија, Белгија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Велика Британија и Северна Ирска, Виетнам, Германија, Данска, Египет, Естонија, Израел, Индија, Иран, Ирска, Италија, Казахстан, Катар, Кина и Тајван, Косово, Кувајт, Латвија, Литванија, Луксембург, Мароко, Молдова, Народна Република Кина, Норвешка, Обединети Арапски Емирати, Полска, Романија, Русија, Саудиска Арабија, Словачка, Словенија, Србија, Црна Гора, Турција, Украина, Финска, Франција, Холандија, Хрватска, Чешка, Швајцарија, Шведска и Шпанија.
Извор:
www.ujp.gov.mk
Министерство за финансии
Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.
Вашиот проблем е наша мисија!

