Skip to content

Даночни ослободувања – данок на промет на недвижности

Данок на промет на недвижности не се плаќа:

  • на прометот на недвижности во постапката на експропријација;
  • кога странско дипломатско, конзуларно претставништво го пренесува правото на сопственост на недвижности, под услов на реципроцитет;
  • кога правото на сопственост се пренесува заради намирување на обврските по основа на јавни приходи во постапката за присилна наплата;
  • на прометот на недвижности меѓу државни органи, меѓу државни органи и општините и меѓу општините;
  • на прометот на недвижности во постапката на конфискација;
  • на прометот на станови во општествена сопственост, доколку во купопродажниот договор не е уредено чија е обврската за плаќање на данокот;
  • кога правото на сопственост на недвижност се пренесува на државни органи заради наплата на побарувања во стечајни и извршни постапки;
  • кога правото на сопственост на недвижност се пренесува на давателот на доживотното издржување кој во однос на примателот на издржувањето се наоѓа во прв наследен ред и тоа само за делот на недвижноста кој би го наследил според Законот за наследување и без давање на издршката;
  • на првиот промет на станбени згради и станови кој ќе се изврши во период до пет години по изградбата, а на кој е пресметан данок на додадена вредност;
  • при вложување на недвижности во капиталот на трговските друштва;
  • на тргувањето со хартии од вредност, во смисла на Законот за хартии од вредност и
  • кога правото на сопственост на недвижност се пренесува на банките како доверители, заради наплата на парично побарување, доколку во рок од три години го продадат стекнатиот имот.

Извор:
Министерство за финансии

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has One Comment

  1. Почитувани.
    Поседував еден стан во зграда.
    Во енего живеев со семејството на мојата ќерками.
    Пред 1 год. купив уште еден стан во истата зграда и влез.
    Јас се преселив во новокупениот стан и ги префрлив моите документи на адреса на тој стан.
    За ново купениот стан добив Решение за Данок на недвижности со 0.5% од износот на проценетата вредност на станот.
    Во стариот стан продолжи да живее черками со семејството. И тој стан е во моја сопственост, но за него добив Решение за Данок на недвижност со 1% од износот на проценетата вредност на станот.
    Дали за овој стан, бидејки во него останува да живее мојата ќерка со семејството, може да бидам оданочен со стапка од 0,5% од проценетата вредност на станот?
    Ако е можно Ве молам посочете како тоа да го направам.

    Со почит Никола Инџов 070 340-124

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top