Даночни ослободувања на данок на наследство и подарок
Данок на наследство и подарок не плаќа:
- Наследник/примател од прв наследен ред;
- Наследник/примател од втор наследен ред на наследен/подарен стан/ семејна станбена зграда, ако со оставителот живеел во заедничко домаќинство најмалку една година пред смртта на оставителот, и
- Наследник/примател од втор наследен ред на кој земјоделството му е основна дејност, којшто ќе наследи/прими земјоделско земјиште и економски згради, ако со оставителот, односно давателот на подарок живеел во заедничко домаќинство најмалку една година пред смртта на оставителот.
Од данок на наследство и подарок се ослободени: државните органи, органите на општините и на Градот Скопје, Народната банка, организациите на Црвениот крст, хуманитарните, социјалните, научните, образовните, културните установи и верски заедници за подарокот што го примиле во вид на недвижен или подвижен имот, хартии од вредност, парични средства и побарувања.
Извор:
Министерство за Финансии
Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.
Вашиот проблем е наша мисија!

