Skip to content

Даночни ослободувања на данок на имот

Данок на имот не се плаќа на:

  • недвижен имот во државна сопственост и во сопственост на општините и органите на градот Скопје, кој го користат тие, освен недвижниот имот кој се користи од страна на физички или правни лица;
  • недвижен имот на странски дипломатски и конзуларни претставништва и на претставништва на меѓународни организации, ако се во нивна сопственост, под услов на реципроцитет;
  • недвижен имот во сопственост на Народната банка на РСМ;
  • верски објекти како храм, џамија, молитвен дом, синагога, гробишта и други простории;
  • недвижности кои согласно со закон се прогласени за културно наследство;
  • објекти за заштита на земјиштето, водите и воздухот;
  • објекти на претпријатијата за работно оспособување, професионална рехабилитација и вработување на инвалиди;
  • земјиште што се користи за површински и подземен коп во рударството и за геолошки истражувања;
  • објекти наменети за примарна обработка на земјоделски производи и објекти за третман на отпад од активности во земјоделско производство на земјоделско стопанство и
  • земјоделско земјиште што се користи за земјоделско производство.

    Обврзникот на данокот на имот за станбена зграда или стан, во кој живее со членовите на семејството има право на намалување на пресметаниот данок во висина од 50%.

Извор:
Министерство за финансии

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top