Даночни ослободувања на данок на добивка
Обврзник на данокот на добивка има право на даночно ослободување по основ реинвестирана добивка за извршените вложувања во материјални средства (недвижност, постојки и опрема) и во нематеријални средства (компјутески софтвер и патенти).
Обврзникот на даночна добивка кој е корисник на технолошка индустриска зона има даночно ослободување во рамки на државна помош (согласно Законот за технолошки индустриски развојни зони).
Трговските друштва класифицирани како мали и микро трговци се ослободени од обврската за плаќање на данокот на добивка за остварен вкупен приход до 3.000.000,00 денари.
На трговските друштва кои во текот на годината остваруваат вкупен приход од 3.000.001,00 до 6.000.000,00 денари, им се овозможува избор на моделот на оданочување, односно имаат можност да плаќаат данок на вкупен приход во висина од 1%, наместо данок на добивка по стапка од 10%.
Извор:
Министерство за финансии
Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.
Вашиот проблем е наша мисија!

